Search

Трамп на Твитер: Ноќеска водев и одеднаш гласовите почнаа магично да исчезнуваат

Броењето на гласовите од вчера оддржаните претседателски избори во САД се уште е во тек, резултатот од гласањето е крајно неизвесен, но актуелниот претседател Доналд Трамп веќе го оспори изборниот резултат.

По ноќешниот говор во кој прогласи победа, тој се огласи и на Твитер.

„Синоќа водев, често пати солидно, во голем број клучни држави, во речиси сите места што ги држеа и контролираа демократите. Потоа, еден по еден, тие почнаа магично да исчезнуваат додека се броеја изненадувачки допишаните гласови. Многу чудно, а анкетарите погрешно се’ сфатија буквално и историски “, напиша Трамп.

Треба да знаете
Последни објави