Марко Ѓоргиевски од ОК на СДСМ во Гази Баба ја наследи Лидија Димова

Управниот одбор на Националната агенција ја разреши директорката Лидија Димова од должноста пред истекот на мандатот за кој што е избрана, поради утврдени сериозни неправилности во нејзиното материјално-финансиско работење.

Откако финансиската полиција поднесе кривична пријава до обвинителството за Димова и уште неколку лица за злоупотреба на европски пари, судот денес одлучи да и го одземе пасошот.

Како што објави А1 ОН, за нов директор е избран Марко Ѓоргиевски, кој е претседател на Општинската организација на СДСМ во Гази Баба.

Треба да знаете
Последни објави