Search

Тутунските алтернативи и нивниот потенцијал

Тутунските алтернативи кои го загреваат наместо да го горат тутунот се меѓу „најмладите“ нови алтернативи на светскиот пазар. Клучна разлика во споредба со класичните цигари е што нивната употреба не испушта чад од тутун, туку аеросол.

Потребно е подобро да се разберат различните производи кои содржат тутун и никотин кои спаѓаат во категоријата помалку штетни алтернативи како и стратегиите потребни за подигнување на јавната свест за контекстот на нови производи со намален ризик, се дел од заклучоците на годишната конференција на американскиот Правен институт за храна и лекови, на која учество земаа научници, претставници на регулаторните тела и тутунската индустрија.

За да може производот да биде етикетиран како тутунски производ со модифициран ризик, американската Агенција за храна и лекови (ФДА) мора да биде сигурна дека производот ги исполнува сите пропишани стандарди, дека производот придонесува за унапредување на јавното здравје и откако тој производ ќе се најде на пазарот, потребно е внимателно да се следи секој аспект од животниот век на тој производ. Важна карактеристика што ја придружува оваа класификација е тоа што трае пет години, а продолжувањето на оваа дозвола е можно само по поднесување на обемни истражувања што следат по пласирањето на производот на пазарот и задолжителни годишни извештаи и дополнителни научни докази кои не само што треба да обезбедат нови докази и истражувања, но и дополнително да ги поткрепи првичните тврдења. Досега, само две алтернативи влегоа во категорија производи со модифициран ризик, IQOS системот и шведскиот Снус.

„Производ што претставува помал ризик од заболување, односно оној што е класифициран како помалку штетен од другите производи од тутун, е тутунски производ со модифициран ризик“, вели Бенџамин Апелберг, директор на одделот за јавно здравје при американската Агенција за храна и лекови (ФДА) во Центарот за производи од тутун, појаснувајќи што е производ со модифициран ризик, осврнувајќи се на единствениот производ што ја доби MRTP дозволата оваа година, IQOS системот на Филип Морис. „Етикетата за модифициран ризик е дадена на IQOS врз основа на презентирани научни докази дека овој производ не согорува тутун, има значително намалување на производството на штетни и потенцијално штетни материи и целосната промена од согорливите цигари на IQOS навистина ја намалува изложеноста на организмот на штетни и потенцијално штетни материи“ – вели тој. Исто така, ова е одлука што се однесува на индивидуален производ, а не на цела група производи и може да се повлече во било кое време. Затоа, од производителите се бара постојано да ги почитуваат прописите, а за пушачите тоа е потврда дека ако не се откажат од своите лоши навики, можат да направат промена и да се свртат кон докажано помалку штетни алтернативи, заклучува Апелберг.

Мич Зелер, директор на американската Агенција за храна и лекови (ФДА), рече дека има многу спротивставени мислења за овие производи, но дека Агенцијата е тука да ја следи, науката, да дејствува како регулатор за намалување на штетните последици, болестите предизвикани од употреба на тутун, додавајќи дека обичните цигари се причина за морбидитет и морталитет кај околу 480.000 Американци годишно.

„Можеби ситуацијата алтернативите не е црно-бела, но потенцијалните придобивки треба да бидат дел од одговорот на прашањето што да се прави со традиционалните цигари што се засноваат на горење тутун. Треба да видиме што може да се направи во однос на регулативата, истражувањата, комуникацијата и пораките кои се испраќаат до потрошувачите, така што ќе имаме повеќе пушачи кои ќе се откажат од обичните, согорливи цигари и оние кои целосно ќе ги заменат со алтернативи и помалку штетни производи “, заклучи Зелер. Еден од говорниците на конференцијата, Мохамади Саркар, експерт за научни политики на услуги за клиенти во Алтрија, ги изнесе фактите за тутунските производи со намален ризик од новата генерација. Според него, во текот на изминатите три години се забележува брза еволуција на тутунските производи. Така, остварувајќи ваков напредок за толку краток временски период, веројатно е дека во следните 10 години може да се постигне напредок што не е виден во последните 50 години. Во однос на иднината, тој рече дека повеќето возрасни пушачи ќе преминат на одговорна употреба на тутун и ќе изберат иднина без чад. Веста дека американската Агенција за храна и лекови го класифицирала IQOS системот, како „тутунски производ со модифициран ризик“ во јули годинава привлече големо внимание од научната заедница, ја разбранува јавноста, но исто така им отвори врата на многу возрасни пушачи да согледаат дека тутунските алтернативи можат да направат разлика во нивните животи.

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави