Search

Стружани кои работеле во Шајцарија со транспортни инкубатори се носат на лекување во странство

Со транспортни инкубатори покриени со посебна фолија, болни од ковид-19 од болницата во Струга преку осигурителни компании се носат на лечење во странство оти таму долги години работеле пред да се заразат пишува СДК. Биле осигурани, па нивните семејства се решиле да ги префрлат на лекување во земјата каде има далеку подобри услови. Осигурителната полиса им покрива транспортни и трошоци за лечење. Најчесто тоа се печалбари од струшките села. Транспортот е според сите протоколи за заштита. Пациентот пред да го сместат во авион се пакува во специјална капсула скафандер, која ја обложува самата носилка, а е приклучена на кислород и инфузија.

„Осигурителна швајцарска компанија и компанијата која го врши транспортот нè комуницираат за да се утврди терминот за транспорт. Ние го носиме пациентот со наша екипа до аеродром, а нивна екипа доаѓа со авион и си го преземаат пациентот. Досега има шест пациенти кои ги имаме испратено таму. Тоа се претежно пензионери“, вели директорот на Струшката болница Мухамед Асани.

Последниот ваков случај е 68-годишен пациент од струшкото село Радолишта, кој претходно неколку дена бил хоспитализиран во Струшката болница. Состојбата не му била критична, но неговото семејство решило да го испрати на лекување во Швајцарија. Сопругата, пак, не успеала да се избори со болеста и починала во болницата во Струга.

Треба да знаете
Последни објави