Search

Реал го доби дербито со Интер, Ливерпул ја наполни мрежата на Аталанта

Реал Мадрид стигна до многу важна 3:2 победа над Интер во дербито на третото коло од Лигата на шампиони, победувајќи го упорниот противник, кој успеа да се врати од 2:0 негатива, но немаше сили за сензација.

Мечот не почна најдобро за „нераѕурите“, откако Карим Бензема во 25. минута ја искористи лошата реакција на Ашраф Хакими за 1:0, за Серхио Рамос седум минути подоцна да го постигне својот 100. гол за „кралевите“ за 2:0. Сепак, Лаутаро Мартинез постигна одличен гол во 35. минута, за во второто полувреме да му асистира на Иван Перишиќ за 2:2, пред да проработи „бразилската врска“ – Винисиус Жуниор му асистираше на Родриго во 80-тата минута за три поени.

Ливерпул немаше нивакви маки и го забележаа третиот триумф во три меча во ЛШ, неочекувано доминирајќи на гостувањето кај Аталанта, триумфирајќи со високи 0:5. Диого Жота покажа дека е  со хет-трик и Салах и Садио Мане го предводеа Ливерпул до нова победа.

Манчестер сити си обезбеди нови три бода, откако Феран Торес, Габриел Жесус и Жоао Кансело им донесоа 2:0 победа над Олимпијакос, додека Порто ги остави Марсеј со нула поени со 3:0 победа.

Европските шампиони Баерн исто така се убедливи со 9 поени, откако со 6:2 триумфираа кај Ред бул Салцбург иако до 78. минута беше 2:2 и сосема неизвесно.

Треба да знаете
Последни објави