Кин: Оле ќе добие отказ поради овие фудбалери

Легендата на трофејниот англиски фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Рој Кин вели дека фудбалерите поради нивниот однос и игри на теренот ќе го избркаат од тренерската клупа сегашниот предводник Оле Гунар Солскјер. По поразот од Арсенал, поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“ Кин смета дека ако Солскјер добие отказ, тоа ќе биде само поради однесувањето на играчите кои како да немаат желба да даваат максимум на натпреварите.

-Оваа сезона веќе ја нарековме „да се биде или не“ за Оле, но во моментов работите не изгледаат добро за него. Играчите немаат ентузијазам да играат фудбал. Понекогаш ќе речете „нема причина за паника“. Но резултатите и игрите сугерираат дека треба да паничите. Оле ќе рече дека играчите негови се добри момци и сакаат да победуваат, но јас ги судам фудбалерите по нивните настапи. Моите очи не ме лажат. Последното разочарување беше пред само неколку недели против Тотнем, потоа тимот реагираше добро неколку меча, и фудбалерите почнаа да се умислуваат. Оле ќе добие отказ поради овие фудбалери, тоа ќе се случи. Навистина сум загрижен за Манчестер јунајтед во моментов. Нема енергија, нема ентузијазам, квалитетот не е на потребното ниво. Тоа ме загрижува. Нема лидери во овој тим, изајви Кин.

Манчестер јунајтед во моментов е на 15. место во Премиерлигата, од шест натпревари имаат освоено само седум бода.

Треба да знаете
Последни објави