Гевгеличанец со „југо“ се забил во столб и изгорел

На 01.11.2020 во Полициска станица Валандово било пријавено дека околу 05.10 часот, на магистрален пат А1 во близина с.Марвинци, на место викано ,,Надвозник“, патничко возило „југо корал 45“, со велешки регистарски ознаки, сопственост на Г.П.(70) од Гевгелија, а управувано од непознато лице, удрило во бетонски столб од надвозник.

При тоа од ударот настанал пожар во возилото, кое целосно изгорело, а возачот починал на местото.

Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Валандово, а од лекар била констатирана смрт кај возачот.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Валандово, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Треба да знаете
Последни објави