(Видео) Никол Кидман и Хју Грант во нова серија

Холивудските sвезди Никол Кидман и Хју Грант се главни протагонисти во лимитирана серија од шест епизоди на „ХБО“.

The Undoing („Поништување“) е мистерија за убиство исполнета со голем пресврт. Сторијата го следи животот на Грејс Сакс, успешна психијатарка и семејна жена, која е во брак со детски онколог.

Но, сè се менува кога после една насилна смрт, нејзиниот сопруг исчезнува а на површина излегува неговото минато кое дотогаш успевал да го сокрие. Откако ќе дознае ужасни работи за својот сопруг, таа решава да започне нов живот со синот.

Серијата е телевизиска адаптација на популарниот роман „Требаше да знаеш“ (You Should Have Known) на американската писателка Џин Харф Корелиц. Покрај главните протагонисти Никол Кидман и Хју Грант, се појавува и Доналд Сатерленд. За сценариото се погрижи Дејвид Кели, со кој Кидман веќе соработуваше во серијата Big Little Lies.

Треба да знаете
Последни објави