Бачелет предупреди на можни воени злосторства во Нагорно Карабах

Високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Бачелет денеска ги осуди тековните „неселективни” напади врз цивилни области за време на борбите во спорниот регион Нагорно Карабах, предупредувајќи ги Ерменија и Азербејџан дека ваквите напади можат да се вбројат меѓу „воени злосторства”.

„Нападите, извршени со кршење на принципот на разграничување или на правопропорционалност можат да бидат воени злосторства и страните во конфликтот се должни да ги испитаат ваквите прекршувања ефикасно, експедитивно, темелно и непристрасно и да ги гонат оние за кои се тврди дека ги извршиле”, се вели во соопштението на Мишел Бачелет.

И покрај договорот постигнат во Женева минатиот петок, Ерменија и Азербејџан да се воздржат од намерно таргетирање цивили, за време на викендот беа пријавени артилериски напади врз населени места, рече Мишел Бачелет, посочувајќи ги нападите на централниот пазар во Степанакерт и градот Татар.

Таа бара двете страни да запрат со напади врз цивили, болници и училишта.

Треба да знаете
Последни објави