Продолжуваат протестите во Полска против Законот за абортус

Клементина Сучанова, лидерката организацијата за заштита на правата „Штрајк на жените” денеска изјави дека одлука на Уставниот суд за абортусот мора да биде повлечена.

Таа го најави и денешниот 12. протест, кој вклучува улични барикади и маршеви и покрај забраната за јавни собири поради Ковид-19.

Стотици илјади луѓе секојдневно протестираатод 22 октомври, кога полскиот Уставен суд забрани аборус во случај ако фетусот има вродени оштетувања, со што дополнително се заостри еден од најрестриктивните закони за аборутс во Европа.

Со одлука на судот, абортус во Полска е дозволен само ако е загрозено здравјето на мајката или бременоста е резултат на кривично дела, како силување или инцест.

Треба да знаете
Последни објави