Пол Руд им подели колачиња на Американците кои чекаа ред да гласаат

Sвездата на научно фантастичната акција Ant Man или човекот-мравка Пол Руд, им пружи вкусно задоволство на оние кои во четвртокот застанаа на дожд надвор од центарот Баркли во Бруклин да го предадат гласачкото ливче за претседателските избори на 3 ноември.

Пол рече дека сите гласачи заслужуваат да бидат охрабрени што го дале својот допринос.

Во разговор со порталот NowThis News, Пол рече: “Не е тешко да се гласа. Луѓето треба да добиваат слободен ден од работа, треба насекаде да има гласачки места. Ова треба да е лесно, не тешко.

„Секој што чека на ред заслужува да биде некако, на некој начин, заблагодарен и охрабрен. Една од работите што навистина охрабрува е да видиме колку многу луѓе излегуваат рано и гласаат низ целата земја.“

Треба да знаете
Последни објави