Од земјотресот кој ги погоди Турција и Грција загинаа 81 лице

Бројот на жртвите во разорниот земјотрес што ги погоди егејскиот брег на Турција и грчкиот остров Самос достигна 81, а спасувачките екипи продолжуваат да бараат преживеани во урнатините на осум згради во Измир.

Турските власти соопштија дека во Измир загинале 79 лица, а двајца тинејџери настрадале на грчкиот остров Самос.

Во Измир, според извештајот на службата за итни случаи АФАД, биле поставени 3.500 шатори со 13.000 кревети, така што оние што останале без покрив над главата да имаат барем привремени засолништа.

АФАД исто така објави дека се повредени 962 лица, а досега од болниците се пуштени 740 пациенти.

Треба да знаете
Последни објави