Мицкоски: Некои од власта лажат повремено Заев постојано, вети инвестиции од 5 милијарди евра добивме 2 милијарди евра долг

Статус на Фејсбук од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Пред повеќе од една година Заев вети нов инвестициски пакет од 5 милијарди евра.

Епилогот по година дена е:

долг од плус 2 милијарди евра.

секое семејство задолжено за нови 4 илјади евра

за само 9 месеци пад на индустриското производство од 12.1%

за 4.7% намален бројот на работници во индустријата

до крајот на годината се очекува пад на БДП поголем од 5%

Парите се потрошија, народот не памети ниту еден проект.

Новиот инвестициски пакет кој Заев го вети е реален колку што се реални:

инвестициите на Google и Facebook,

колку 5те инвестиции кои ги најави за септември,

колку решенијата за Еурокомпозит и Колска,

колку 700 км автопатишта,

колку странската инвестиција за фабрика за отпад во Дрисла,

колку клиничкиот центар кој требаше да биде готов…

Значи ништо од ова! Некои од власта лажат повремено, само Заев постојано.

 

Треба да знаете
Последни објави