Лондон напорно работи со ЕУ на постигнување трговски договор

Велика Британија продолжува да работи напорно со Европската унија за надминување на значителните празнини во стремежот за постигнувањето трговски договор, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

– Ние продолжуваме да работиме напорно за време на овој интензивен период на разговори насочени кон премостување на значителните празнини што сè уште постојат меѓу нас во најтешките области, рече портпаролот на Џонсон.

Двете страни се обидуваат да постигнат конечен трговски договор до крајот на преодниот рок до конечното излегување на Велика Британија од ЕУ на крајот на годината.

Треба да знаете
Последни објави