Домот е таму каде што е срцето: Пријанка Чопра се врати во Лос Анџелес

Таа беше во Европа на снимање сцени за „Матрикс 4“.

Пријанка Чопра сега се врати во Лос Анџелес, каде во неделата на својот Инстаграм објави фотографија со сопругот Ник Џонас и нивните две кучиња.

„Домот е таму каде што е срцето“, напиша актерката во описот. Се чини дека снепот е направен пред влезната врата на домот на славната двојка, додека седат во црвен спортски кабриолет.

Тие ќе ја прослават втората годишнина од бракот на 1 декември.

Поранешната мис на светот (38) и музичарот (28) се свршија во август 2018 година и се венчаа неколку месеци подоцна на раскошна церемонија во Њу Делхи, Индија.

Треба да знаете
Последни објави