Српската репрезентација доцнела, казнет селекторот Тумбаковиќ

Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) го казни со еден натпреавр неседење на клупата, селекторот на Србија, Љубиша Тумбаковиќ. Причината за оваа дисциплинска санција е   што неговите избраници доцнеле на неодамнешниот меч со Унгарија од Лигата на нации, а како виновник за тоа е земен селекторот.

Според УЕФА задоцнувањето значи кршење на здравствено-безбедносните протоколи во борбата со коронавирусот. Покрај забраната да ја води селекцијата на Србија, Тумбаковиќ ќе треба да плати и парична казна од 5.000 евра, а Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) доби клоба од 20.000 евра.

УЕФА не наведе на кој меч Тумбаковиќ ќе треба да ја одработи казната со неседење на клупата. Србија на 12 ноември го игра финалниот натпревар од ланското издание на Лигата на нации за пласман на ЕП-2020, против Шкотска, а три дена подоцна од новата сезона на истото натпреаврување ја очекува гостување кај Унгарија.

Треба да знаете
Последни објави