Османи на средба со новиот јапонски амбасадор

Денес, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија, Н.Е. Хиронори Савада.

Посакувајќи му на амбасадорот Савада срдечно добредојде и успешна дипломатска мисија во Република Северна Македонија, министерот Османи  изрази уверување дека и во претстојниот период двете страни  посветено ќе работат на  натамошно продлабочување на односите меѓу двете пријателски земји и интензивирање на соработката во сите сфери од заемен интерес.  

Во оваа прилика министерот Османи изрази благодарност до јапонската Влада за континуираната и несебична поддршка што Јапонија и ја пружа на нашата земја преку реализација на голем број на проекти и техничка помош.

Амбасадорот Савада, заблагодарувајќи се на топлиот прием, истакна дека Јапонија високо го цени придонесот на Република Северна Македонија кон стабилноста и просперитетот на целиот регион и останува посветена на натамошниот развој на билатералните односи, врз основа на традиционалното пријателство, меѓусебната доверба и остварените постигнувања во повеќе области.

Треба да знаете
Последни објави