Заев ќе учествува на Регионалниот младински форум за лидери

Премиерот Зоран Заев денеска ќе биде дел од Регионалниот младински форум за лидери кој заради пандемијата со КОВИД-19 оваа година се одржува преку телеконференциска врска.

На самитот, како што соопшти владината прес-служба, покрај премиерот Заев ќе говорат и претседателите на Србија и Црна Гора, Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ, како и премиерите на Албанија, Косово и Босна и Херцеговина – Еди Рама, Авдулах Хоти и Зоран Тегелтија. 

Треба да знаете
Последни објави