Власта на Заев фрапантно ги намали инвестициите во јавното здравство, здравствениот систем крахира

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Граѓаните се оставени сами на себе. Здравствениот систем крахира. Владата на Зоран Заев доживеа дебакл.  Владата на Заев и СДСМ  не вложи ниту денар во здравството во државата.

Четири години се власт во Македонија и создадоа хаос во здравствениот систем. Заев е власт во Струмица 18 години, а амбулантски возила нема, наместо  веднаш да набават амбулантските возила за струмичката болница СДСМ ветува возила за после два месеци во време на епидемија. Државата во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ имаше пари да купи 140 амбулантни возила, а во време на СДСМ само 12.

Бројот на починати од корона надмина илјада лица, бројката на заразени се движи околу 30 проценти од бројот на тестирани во едно деноноќие, а Заев и  Филипче наместо да делува си тера пиар – носете маски.

Филипче и Заев и по девет месеци не го гледаат дебаклот што се случува во Македонија.

СДСМ е симбол за неспосособност и нефункционалност. Доказ за тоа е и катастрофата во буџетот за здравство. Владата предводена од СДСМ одлучила дека во јавното здравство треба да се инвестира многу помалку (за 62%) од инвестициите кои ги правела Владата предводена од ВМРО.

Во последните 4 години (2017-2020) во Македонија инвестициите што државата ги прави во јавното здравство се помалку од половина од инвестициите во претпоследните 4 години (2013-2016). Во последните четири години државата потрошила средства во висина од само 38% од средствата за капитални инвестиции кои ги потрошила во претпоследните 4 години.

СДСМ ги намалила за 62% средствата за капитални инвестиции во јавното здравство. Недостатокот на инфраструктура во здравството е последица на намалените средства за инвестици.

 

Бидејќи владата на Заев не знае како да се справи со ситуацијата, ВМРО-ДПМНЕ предлага мерки кои ќе го олеснат животот на граѓаните.

Бараме веднаш да бидат ослободени хронично болните, да се воведат бесплатни тестирања за здравствените работници и за просветните работници бидејќи секојдневно се во контакт со граѓани,  и да се формира специјална ковид комисија.

 

Треба да знаете
Последни објави