„Вистинска приказна за двете соседни кралства“ е наменета за сите деца кои се кралеви и кралици

Книгата за деца „Вистинска приказна за две соседни кралства“ чиј автор е Марија Костадиновска, а илустрациите се на Александра Филипоска, може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ како и да се нарача онлајн (на www.literatura.mk). Делото е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Авторката Костадиновска е дипломиран филолог, професионален едриличар и писателка.

„ Хана и Фран (главните ликови) иако ги имаат своите кралства тие ги губат. Оттука е и првата порака и поука дека ништо не е вечно и засекогаш. За да ги вратат изгубените кралства ќе мора да се потрудат. Насоките се и повеќе од јасни. Најпрвин ќе треба да научат многу нови нешта. Да бидат истрајни. Мудро и логично индивидуално да размислуваат, но и да дејствуваат тимски. За на крајот да дојдеме до заклучокот дека најважна е среќата. Успеваат, создавајќи го кралството на среќата. Хана и Фран се сите деца, затоа и оваа приказна е вистинска!“ – вели авторката Костадиновска.

Книгата за деца „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ќе биде промовирана онлајн, вечерва (2 ноември), во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“.

Треба да знаете
Последни објави