„Би-би-си“: Сер Шон Конери зад себе остава дело со кое би се гордеел секој актер

За многумина, Шон Конери беше дефиниција за Џејмс Бонд. Елегантен и ладнокрвен, неговиот 007 беше секој сантиметар од диносаурусот на Студената војна од книгите, коментираше „Би-би-си“ еден ден по смртта на актерот.

Тој чекореше на екранот, со дозвола да убива. Се движеше како пантер, гладен и во потрага по плен. И немаше натпревар. Неговиот голем ривал, Роџер Мур, наспроти тоа, едноставно ќе ја кренеше веѓата, ќе се насмевнеше и ќе направеше гужва, додава британскиот јавен сервис.

Но, додека јунакот на Јан Флеминг одеше во Итон, во позадината на Конери забележливо недостигаа брзи автомобили, убави жени и вотка мартини – протресен не измешан, таканречениот „валкан“ мартини.

Зад себе остава дело со кое секој актер би бил горд и, не помалку важно, испразнето место за титулата „Најголемиот жив Шкот“.

Треба да знаете
Последни објави