Search

Костадиновска: Законот за спречување и заштита од дискриминација е потврда на заложбите на СДСМ за градење фер општество

Заложбите за градење, еднакво, праведно и правично општество, ги остваруваме преку конкретни законски решенија.
Парламентарното мнозинство го усвои Предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Ова законско решение обезбедуваме ефикасна регулатива која воведува принципи на еднаквост и ефикасна заштитата од секаков вид на дискриминација.
Она што е важно е фактот што новиот Закон е целосно усогласен со правото на ЕУ и меѓународните стандарди и за него е добиено позитивно мислење од Венецијанската комисија, како и од граѓанските организации кои се занимаваат со прашањата од оваа област.
Со Законот за спречување и заштита од дискриминација, се прошируваат основите, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација.
Истовремено, овој Закон има за цел да го зајакне и капацитетот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и проширување на нејзините надлежности во делот на превенција.
Критериумите за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација гарантираат дека во ова тело ќе бидат поставени професионалци, чија основна грижа ќе им биде заштитата на граѓаните.
Почитувани,
Законот за спречување и заштита од дискриминација, обезбедува целосна заштита од секаков вид на дискриминација и затоа е важно законско решение кое е во интерес на граѓаните, државата и општеството.
Како одговорно парламентарно мнозинство остануваме посветени на интересите на сите категории граѓани и продолжуваме да работиме во нивен интерес.

 

Треба да знаете
Последни објави