Search

Раскол во ВМРО-ДПМНЕ: Славески го побива Марковски

Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат видео кој покажува разногласие во опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со актуелната Ковид криза.

Професорот и инфектолог, Вело Маркоски, кој од неодамна е нов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во емисија на ТВ 24 вели дека „короната не е опасна болест“, а на истата телевизија во друга емисија, економскиот експерт на опозициската партија вели дека „ова е здравствена катастрофа“.

Марковски во гостувањето во „Студио 10“ на Телевизија 24 изјави оти Ковид-19 „не е опасна вирусна инфекција, реалната бројка што умреле од ковид е 100 до 200 илјади луѓе во светов. Не е опасна болест. Ние не сме во паника, во хаос сме, науката не се почитува“.

Професорот Славески во емисијата „24 анализа“ посочи дека во оваа ситуација со над 400 позитивни секој ден, веќе не може да се спроведува протоколот на СЗО за следењето со контактите.

– Ова е здравствена катастрофа. Не може да се постигне консензус во оваа ситуација, особено со луѓе кои ја потценуваат болеста, не веруваат во неа, веруваат во заговори, и сметам дека се потребни порестриктивни мерки. Инаку економијата уште повеќе ќе трпи, рече Славески.

https://business.facebook.com/seir2017/videos/373151927148789/

 

 

Треба да знаете
Последни објави