Search

Уште 13 основни училишта добија согласност за настава со физичко присуство

Владата на синоќешната седница го усвои Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, поднесени во периодот од 5 до 6 октомври 2020 година, соопшти владината прес-служба.

Според извештајот, Комисијата разгледала вкупно 39 барања од основни училишта и даде согласност за започнување на настава со физичко присуство на 13 основни училишта, додека барањата на 25 основни училишта не се прифатени.

Комисијата даде делумна согласност на едно основно училиште за настава со физичко присуство за практичната настава со оглед дека станува збор за музичко училиште.

Целиот извештај на Комисијата за барањата поднесени од 5 до 6 октомври 2020 година може да се види на следниот линк: https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/izvestaj_od_komisijata_za_davanje_soglasnost_za_rabota_na_ucilistata_so_fizicko_prisustvo_06102020_1.pdса

Треба да знаете
Последни објави