Search

Пунктови за дезинфекција и бесконтактни топломери донира ТИКА за градинките

Пунктови за дезинфекција и бесконтактни топломери наменети за градинките, а во рамки на проектот „Здраво и одржливо образование”, донираше денеска Турската агенција за соработка и координација – ТИКА на градинката „Орце Николов” во Општина Карпош.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешниот настан порача дека во услови на пандемија, секоја помош е добредојдена.

– Живееме во услови на светска пандемија која ја предизвика инфекцијата со коронавирусот. Почитувањето на протоколите во институциите кои започнаа со својата работа како што се јавните установи за сместување на деца, детските градинки и центрите за ран детски развој претставуваат многу значајна мерка за заштита од вирсуот, рече таа.

Министерката соопшти дека на дневно ниво прават анализа и ја следат состојбата со почитувањето на протоколите во градинките и директно со здравствената состојба, како на дечињата, така и на негувателите и воспитувачите.

– Согласно протоколите во градинките се предвидени слободни 21 000 места. Од тие 21 000 места од 15 октомври во градинка беа сместени околу 10 700 деца. Дел од родителите се одзваа на нашиот апел и повик – дечињата кои само ги имаат запишано на хартија, а не ги носат ги повлекле привремено од градинките и на тој начин искажаа општествена одговорност, оставајќи простор на оние родители на кои навистина им е неопходно сместување на децата во градинките, посочи Шахпаска.

Како што изјави Халим Омер Согут, програмски координатор на ТИКА, целта на донацијата е да дадат придонес во спречувањето на ширењето на пандемијата предизвикана од Ковид-19.

– Посакуваме оваа наша програма за здраво и одржливо образование ќе даде придонес во целиот процес каде всушност се вклучени сите дечиња, наставници, родители и сите семејства кои се дел од оваа проблематика, рече Согут.

Треба да знаете
Последни објави