Search

(Фото) Славниот гладијатор не личи на себе: Дебел и со седа коса, но ужива во прегратката на 26 години помлада русокоса

 

Познатиот холивудски актер од Нов Зеланд, Расел Кроу (56), кој речиси цел живот живее во Австралија, беше фотографиран со својата 26 години помлада девојка на тениското игралиште во Сиднеј.

Имено, актерот беше фотографиран во скоро непрепознатливо издание со неговата девојка Бритни Териот (30), а во таа прилика имаше скоро 40 килограми прекумерна тежина.

Тој се здебели многу во споредба со времето кога глумеше во познатиот филм „Гладијатор“, каде ја играше улогата на мускулестиот римски генерал Максимус Децимус Меридиј, па неговите последни фотографии се далеку од тие денови од раните 2000-ти.

Актерот најпрво беше фотографиран како седи на клупа на тениското игралиште во црна широка маица и црни шорцеви, а освен што има прекумерна тежина, тој е непрепознатлив и поради сивата брада, како и долгата сива коса што ја врза во опашката.

Имаше наочари и удобни патики, а подоцна стана од клупата и цврсто ја прегрна својата сакана девојка. По тој повод, Бритни носеше многу кратко мини здолниште во кое ги истакна своите секси нозе. Убавата русокоса често тренира, а Расел се обидува да го врати старото тело.

Да потсетиме, тој се здебели за улогата во последниот филм „Unhinged“, кој се појави на крајот на јули оваа година и во кој игра психотичен шпион, а сега се чини дека се обидува да се врати во форма. На Расел не му се непознати ваквите актерски трансформации, но ова сепак е една од порадикалните.

Кроу глуми манијак кој ги храбри жените во филмот, а со цел да изгледа што поубедливо, режисерот Дерик Борте (51) го замолил да ја смени конституцијата, па актерот значително се „заокружил“.

За разлика од макотрпниот тренинг што тој го подготвуваше за улогата во „Гладијатор“, сега неговата единствена задача е да не вежба и да јаде што сака.

Преземено од Локално

Треба да знаете
Последни објави