Search

Вајс: Едно големо браво за Пандев, тој е страшен играч

Селекторот на Грузија Владимир Вајс беше незадоволен од резултатот затоа што неговата селекција беше блиску до победа, а на крајот си замина со бод. Не сакаше да го коментира пеналот во финишот на мечот, но го испофали нашиот капитен Горан Пандев.

Се разбира дека сакавме да победиме. Македонија доминираше во првото, а ние во второто полувреме. Започнавме на еден начин, но откако ни се повреди еден од клучните играчи моравме да менуваме. Многу научивме од овој натпревар. Сакам да се заблагодарам на гостопримството и да кажам дека Пандев е страшен играч. Како само се бореше, како само ја градеше топката на тие години, тоа е фантастично. Едно големо право за него“, изјави Вајс.

Не сум задоволен со резултатот. Македонија играше со 10 фудбалери, а ние не ја искористивме шансата. Пеналот нема да го коментирам. Мислам дека наша грешка е што не постигнавме втор гол после првиот кога имавме убави шанси. Самите сме виновни што испуштивме два бода. За еден месец повторно ќе играме. Но тоа ќе биде поинаков меч (финалето во ЛН). На Македонија вечерва и недостасуваа Барди, Елмас, Адеми, а и ние немавме седум играчи. Затоа мислам дека тој натпревар ќе биде многу поинаков, можеби и пожесток“, додаде селекторот на Грузија.

Треба да знаете
Последни објави