Search

Советот на Амбасадори го поздравува инвестицискиот план на Европската Комисија

Советот на Амбасадори го поздравува инвестицискиот план на Европската Комисија за доделување на 9 милијарди евра како помош за развој на транспортната и енергетската инфраструктура и забрзување на економскиот развој од 2021-2027 год. претставен во неодамнешната посета на нашата земја од страна на комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Бидејќи планот е условен со имплементацијата на реформите со кои се креира вистинското бизнис опрукужување за инвеститорите, како што изјави Комесарот Вархеји овие денови во Скопје, со нагласка дека земјите треба да развиваат функционален систем на владеење на правото, независно судство и ефикасен даночен систем што ќе ги убеди странските компании да инвестираат во регионот.

Според гореизнесеното оваа влада како и наредната активно треба да се ангажира на исполнување на бараните реформи и создавање на вистинска бизнис клима преку активна борба против економскиот криминал и против корупцијата на високите политички структури се’ со цел земјата да го добие својот дел на економски инвестиции.

Советот на Амбасадори смета дека се чувствува неажурност од страна на Владата во комплетирањето на Комисијата за преговарање со успешни и високо стручни кадри без оглед на нивната политичка провиниенција и убедување. За жал и натаму нема издржан концепт на вклучување на невладиниот сектор, синдикатите и науката во преговарачкиот процес. Главниот проблем што го имаме е недостаток на административен капацитет за реализација на она што е на хартија, за домашни, но и за меѓународни проекти, како и успешно искористување на финансиските извори

Што се однесува до афирмирањето на листата на новоименувани амбасадори, Советот смета дека владата ја продолжува старата пракса за избор на амбасадори. Имено, скриено зад синтагмата на професионална дипломатија таа, со чесен исклучок на поединци, именувани се подпросечни кандидати за амбасадори кои директно или индиректно се поврзани со политичките партии на власт, при што не е водено сметка со вистински и квалитетни амбасадори докажани во пракса. Истовремено неопходно е да бидат пополнети напите амбасади во највлијателните дипломатски центри во светот како САД, Русија, ООН и некои земји на Балканот.

Советот со загриженост се прашува дали сеште нема конечни партиски договори? .

Треба да знаете
Последни објави