Search

Распишан конкурсот за најдобра поетска книга

Друштвото на писатели на Македонија го распиша конкурсот за доделување на наградата „Даница Ручигај” за најдобра поетска книга од писателка-членка на ДПМ, објавена во тековната година.

Во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од ноември 2019 година до крајот на октомври 2020 година.

-Со оглед на моменталната ситуација со ковид-19, авторките и издавачите треба да ги достават книгите во електронска форма на адресата на ДПМ – drustvonapisateli@gmail.com (со назнака за конкурсот за наградата „Даница Ручигај”) најдоцна до 10 ноември 2020 година. Наградата се состои од плакета и ќе биде врачена на настан кој ќе соодветствува на мометалната ситуација, се наведува во соопштението на ДПМ.

Од Друштвото посочуваат дека доделувањето на оваа награда е дел од активностите на Клубот на писателките-членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај, која загина во скопскиот земјотрес во 1963 година.

Треба да знаете
Последни објави