Search

Владата точно нa пладне ќе одлучува дали ќе остане одлуката за влез без ПЦР тест

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната, 11-та седница, со повеќе точки на дневен ред од својата Програма за работа и од интерес на граѓаните.

На денешната седница Владата ќе го разгледа записникот од шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 13 октомври 2020 година.

На предлог на Министерството за финансии, на оваа седница ќе се стави на усвојување Предлог завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година.

Министрите во Владата на седницата ќе се произнесат по Годишниот извештај за работата на Државното правобранителство на Република Северна Македонија за 2019 година.

Министерството за транспорт и врски за оваа седница на дневниот ред ги стави точките Информација за напредокот на проектот Изградба на железнички граничен премин со придружни содржини „Табановце” помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија, за период до 30 септември 2020 година, како и Информација за воведување на информациски систем за управување со енергијата – ЕМИС, за период до 30 септември 2020 година.

Редовната 11-та седница на Владата на Република Северна Македонија, ќе се одржи преку видео-конференциска врска, и е предвидено да започне во 12:00 часот.

Треба да знаете
Последни објави