Search

Куман: Суарез можеше да остане во Барса и да докаже дека не сум во право, но реши да си замине

Тренерот на Барселона, Роналд Куман го сподели своето мислење за трансферот на напаѓачот Луис Суарез од каталонскиот клуб во Атлетико Мадрид,

  • На Суарез му стана многу потешко да влезе на теренот уште од првите минути и го информирав за тоа. Тешко му беше, но никогаш немав проблеми со него. Тој тренираше добро. На крајот, Луис донесе одлука да замине, а јас реков: „Ако не заминеш од која било причина, тогаш ќе бидеш дел од овој тим и ќе можеш да докажеш дека не сум бил во право”. Да, тој можеше да остане, истакна Куман.

Се однесував добро со Луис, но клубот сметаше дека ни треба подмладување. Сега е навистина забележливо. Игра Ансу Фати, тој има 17 години. Го имаме Педри исто така 17-годишен, Араухо има 21 година. Тринкау има 20 години. Го зедовме Сержињо Деста, кој има 19 години. Сите тие се играчи на иднината, смета холандскиот стручњак.

Треба да знаете
Последни објави