Search

Ќе се стави во функција модуларната болница за Ковид заболени

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното интервју за „360степени“ најави дека во план е да се стави во функција модуларната болница која е во дворот на Инфективната клиника.

Земјава е далеку од италијанско сценарио каде на почетокот на епидемијата немаше место во болниците со оглед на тоа што инфективните одделенија низ државава веќе се полни. Има разлика помеѓу исполнет болнички капацитет за луѓе на коишто им е потребна респираторна машина и тие на коишто не им е потребна респираторна машина. Во овој момент во болницата 8 Септември четворица пациенти се наоѓаат на респиратор. Има сосем доволен број на слободни кревети во одделите за интензивна нега, но има се повеќе пациенти коишто имаат лесна или средна форма коишто бараат хоспитализација, но тоа се сепак пациенти коишто може да се префрлат од едно на друго место. Кога станува збор за пациент којшто е во навистина тешка форма и е респираторно зависен, потребно е да се приклучи на респиратор, тогаш веќе тука точно се знаат местата во нашите болници коишто може да се исполнат, вели Филипче.

Тој објаснува дека функционира системот на ротација.

-Тој систем значи дека лекари специјалисти, пред се од струките на интерна медицина кои имаат искуство во лекување на белодробни заболувања им помагаат на своите колеги. Тие се интернисти по пулмологија. Тие имаат искуство и знаат како се лекуваат овие болести. Со таков систем функционираме изминатиов период. За да не се наруши работата на другите одделенија на „8 Септември“, ние планираме да ги ангажираме капацитетите на модуларната болница која е до Инфективната клиника, рече Филипче.

Треба да знаете
Последни објави