Search

Ѓоковиќ во пет сета подобар од Циципас за финале со Надал

Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ ќе го предизвика Рафаел Надал во финалето на последниот грен-слем турнир во сезоната Ролан Гарос, откако во полуфиналето го елиминираше Гркот, Стефанос Циципас со 3-2 по сетови 6-3, 6-2, 5-7, 4-6 и 6-1.

Ѓоковиќ одлично го отвори натпреварот. Подобро ги играше клучните поени и по освојување на воведните два сета, направи брејк и во третиот за предност од 5-4. Во гемот во кој сервираше за победа не искористи сет топка, по што следуваше серија на Циципас кој го доби третиот сет со 5-7. Во четвртиот сет Србинот не успеа да искористи дури 10 брејк топки, по што следуваше казна од грчкиот тенисер кој го одведе мечот во решавачкиот петти сет.

Ѓоковиќ конечно заигра на ниво и успеа да стигне до победа и пласман во ново петто финале на Отвореното тениско првенство на Франција. Таму за противник ќе го има 12-кратниот шампион Рафаел Надал.

Треба да знаете
Последни објави