Search

Шифрин ќе го пропушти почетокот на сезоната поради повреда на грбот

Двократната олимписка шампионка Микаела Шифрин ќе го пропушти почетокот на Светскиот куп сезона 2020/21.

Дваесет и петгодишната Американка има проблеми со грбот. Таа нема да се натпреварува на првиот натпревар во Зелден, Австрија, каде што ќе се одржи велеслалом.

-Ме советуваа да го прескокнам Зелден за да ми закрепне грбот и да можам да учествувам на сите трки до крајот на сезоната, напиша Шифрин на Инстаграм.

Пред 8 години започнав во Зелден и многу сум разочарана што нема да можам да настапам. За среќа, повредата ќе заздрави и наскоро ќе се вратам на стартот, се надева Американката.

Шифрин ја прекина претходната сезона поради смртта на нејзиниот татко, а нејзиниот план за враќање на патеките во март пропадна поради пандемијата на коронавирус.

Микаела Шифрин е петкратна светска шампионка, двократен олимписки победник и победник во Генералниот пласман во Светскиот куп во 2017, 2018 и 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави