Search

Лукаревска: Преку „Мој ДДВ“ кај граѓаните се вратени над 11 милиони евра

Сите граѓани, кои во овој продолжен викенд, односно на 10, 11 и 12 октомври, ќе купуваат домашни производи и услуги или производи од ИТ-индустријата до 30.000 ден, ќе го добијат назад целиот износ на ДДВ, изјави денеска пратеничката на СДСМ, Сања Лукаравска.

„Оваа мерка, која е дел од четвртиот пакет-антикризни мерки, станува достапна за 350.000 корисници на апликацијата ‘Мој ДДВ’, но и за нови корисници, кои ќе ја инсталираат апликацијата. На граѓаните што ќе пазаруваат домашни и производи од ИТ-индустријата меѓу 10-12 октомври, по неколку дена на трансакциските сметки, ќе им биде извршен поврат на целиот ДДВ од купените производи“, објасни пратеничката и додаде дека викендот без ДДВ значи пари назад на сметките на граѓаните и зајакнување на домашниот буџет.

Лукаревска исто така нагласи дека за само една година преку мерката „Мој ДДВ“ веќе се вратени над 11 милиони евра кај граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави