Search

Кривична за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јованчев за бесправно градење

Пратениккот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јованчев, кој е претседател на партискиот ОК на Кавадарци добил кривична пријава за беправно градење, дознава 24 Инфо.

-Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична пријава против З.Ј.(46) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик. Во периодот од 2016 до 2018 година. изградил викенд куќа во место викано „Катуниште“, атар на с.Моклиште, кавадаречко, без да поседува одобрение за градење на објектот од надлежен орган, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави