Прегазени двајца пешаци во Ѓорче Петров

На 07.10.2020 во 20.15 часот било пријавено дека на крстосница од ул. „Ѓорче Петров“ и ул.„Македонски војски“ во Скопје, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(39) од Скопје, удрило во пешаците Д.К.(60) од Пехчево и малолетен пешак од Скопје.
Во незгодата Д.К. се здобила со тешки телесни повреди, а малолетникот со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
Треба да знаете
Последни објави