Search

Даноците на енергентите со најголемо учество во даноците за животна средина, за загадување со најмало

Даноците за животна средина имаат учество од 1,9 отсто во Бруто домашниот производ. Ова се податоците за 2018 година што ги објави Државниот завод за статистика  и според објавените податоци тие се непроменети во однос на 2017 година.

Во даноците за животна средина најголемо учество имаат даноците за енергенти со 66,5 отсто, потоа следат даноците за транспорт со 32,6 отсто и даноците за загадување со 0,9 отсто.

Во 2018 година во земјава биле платени даноци за животната средина во износ од 12.760.6 милиони денари, што е за 12,6  отсто повеќе отколку во 2017 година.

Најголем пораст бележат даноците за енергенти во секторите Рударство и вадење на камен и Градежништво. Ваквото зголемување е резултат на зголемените акцизи на горивата.

Треба да знаете
Последни објави