Search

Битиќи: Јавен повик за корисниците на Ковид 1 линијата на бескаматни кредити од Развојна Банка

Јавен повик за корисниците на Ковид 1 линијата на бескаматни кредити од Развојна Банка на Република Северна Македонија
Развојна банка на својата веб-страница објави јавен повик со кој се нуди можност за корисниците на кредити од првата бескаматна кредитна линија Ковид 1 да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за 3 месеци.
📎Јавниот повик ќе трае 7 дена, заклучно со 14 октомври 2020 година.
Линк до јавниот повик: https://bit.ly/3loMKmz
Ова е прва од мерките од 4тиот пакет економски мерки која почнува да се реализира.
Државата е партнер на стопанството и граѓаните, ова зголемување на грејст периодот за отплата на кредитите од Ковид 1 ќе им даде дополнителна ликвидност на корисниците во овој последен квартал од годината за пребродување на кризата.
Бескаматната кредитна линија Ковид 1 на РБРСМ во вредност од 5,5 милиони евра, беше наменета за најпогодените дејности на почетокот на ковид кризата, односно за угостителстката, транспортната и туристичката дејност.
Од оваа линија беа одобрени 737 кредитни апликации на компании кои вработуваат 6.509 лица.
Од нив:
77% беа микро,
21% мали компании а
2% средни компании
Треба да знаете
Последни објави