Search

ФАО Регионален дијалог на високо ниво – партнерски одговор на КОВИД-19 во секторот храна и земјоделство

Економска инклузија и социјална заштита за намалување на сиромаштијата, стандарди за трговија и безбедност на храна, зајакнување на отпорноста на малите земјоделски стопанства, спречување на следната зоонозна пандемија и трансформација на системите за храна, се приоритетите на ФАО за опоравување од ситуацијата со КОВИД-19 во земјите од регионот.

Приоритетите ќе бидат една од темите на денешниот регионален онлајн дијалог за Европа и Централна Азија за заедничка акција во врска со КОВИД-19 кој ќе може да се следи и во живо на Youtube од 10:30 – 13:00 часот.

Панелот на високо ниво ги обединува сегашните и потенцијалните партнери на ФАО кои работат на територијата на Западен Балкан, Источна Европа, Централна Азија и Јужен Кавказ и се заинтересирани за заеднички одговор преку програмски решенија прилагодени на секој регион за развојните социо-економски и еколошки последици од глобалната здравствена криза во секторот храна и земјоделство.

Министри за земјоделство и високи службеници од Европа и Централна Азија, партнери, вклучувајќи ги Европската комисија, агенциите на ООН, Евроазиската економска комисија, Светска банка, Европската банка за обнова и развој и други меѓународни финансиски институции, како и Тетра Лавал и други актери од приватниот сектор, академски институции, граѓански организации и здруженија на земјоделци ќе разговараат за можностите да се насочи соработката водена од стратешко партнерство, податоци, иновации и одговорни инвестиции во насока на одржлив развој во регионот, фокусирајќи се на најзасегнатите земји.

Дискусијата следи по глобалниот дијалог инициран од генералниот директор на ФАО на 14 јули за презентирање на Програмата на ФАО за сеопфатен одговор и опоравување од ситуацијата со КОВИД-19 и ќе се осврне на Планот на ФАО за регионален одговор изработен врз научна основа во консултативен процес.

Треба да знаете
Последни објави