Search

Трамп ја откажа конгресната расправа за новиот пакет помош

Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа веќе започнатата конгресна расправа со демократите во врска со новиот пакет економска помош во време на пандемија на Ковид-19. Тој соопшти дека расправата ќе продолжи по ноемвриските претседателски избори.

– Им наложив на моите застапници во Претставничкиот дом да ги откажат преговорите до завршувањето на претседателските избори. Веднаш откако ќе победам, ќе донесеме закон за финансиска помош на вредните американски работници и малите претприемачи, напиша Трам на Твитер по излегувањето од воената болница „Волтер Рид”.

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, демократката Ненси Пелоси оцени дека одлуката на Трамп да се повлече од преговорите покажала дека тој нема волја да го победи коронавирусот, а бројот на новозаразени во САД секојдневно се зголемува.

Треба да знаете
Последни објави