Search

Ова не е вистинското време! Даниел Креjг ја брани одлуката на продуцентите да го одложат филмот

Даниел Крејг ја поддржа одлуката на продуцентите на „Џејмс Бонд“ да ја одложат премиерата на новиот филм „Не е време за умирање“ до април следната година.

Агентот 007, Крејг (52) е единствената ѕвезда од филмот што се огласи на овој потег, објавен во саботата.

Соопштението на продуцентите беше проследено со веста дека „Синеворлд“ (британски кино-оператор) привремено ги затвора своите киносали во Велика Британија и Ирска, како и 536 киносали во САД, а „Одеон“ објави дека една четвртина од неговите 120 објекти ќе работат само за викенд.

Говорејќи во „Тунајт шоу“ со Џими Фалон, Крег рече: „Ова нешто е поголемо од сите нас,“ алудирајќи на пандемијата.

„Ние сакаме да го објавиме филмот во исто време низ целиот свет, но, не е вистинското време. Затоа, вкрстете ги прстите, 2 април ќе биде нашиот датум. “

Иако Крејг сугерираше дека планот се должи очигледно на премиерата во светски рамки, филмовите за Џејмс Бонд никогаш не биле премиерно прикажани во исто време.

Филмовите за Бонд обично се прикажуваат во Велика Британија неколку недели пред премиерите во САД, на пример, „Спектре“ беше отворен на 26 октомври во Велика Британија и 6 ноември во Aмерика.

Треба да знаете
Последни објави