Search

Лазаров „гази“ и на 40 години: Најдобар стрелец во победата на Нант

Екипата на Нант имаше тешка средба против составот на Тулуз и се избори за победа од 30:28 во натпревар кој беше тежок бидејќи во текот на сите 60 минути гостите дадоа силен отпор.

Ова е одличен резултат за тимот на Нант бидејќи продолжуваат добрите резултати, а воедно и имаат добар ритам на игри. Денеска наидоа на силе отпор од Тулуз, но Нант успеа да издржи и да триумфира.

Лазаров беше во најефикасната тројка. Имаше 75 проценти ефикасност, а постигна шест гола. Од нив пет беа од игра и еден од линијата од седум метри. Шест гола имаа и Ривера и Фигуерас.

Нант останува до ПСЖ со три победи од три натпревари така што е јасно дека и годинава битката за титулата ќе биде меѓу овие два тима и Монпелје.

Треба да знаете
Последни објави