Search

Заев: Држвата има намера да учествува со акции во терминалите за гас во Александропулис

Со интерконекторот за нашето гасоводно поврзување со Грција веќе завршуваме со документација, а  истовремено сме при крај со документацијата за второто поврзување со Бугарија, Струмица – Петрич, рече премиерот Зоран Заев во емисијата Економски магазин на Алсат телевизија.
-Преговараме со ОКТА за пуштање на нафотоводот внатре, зависи под кои услови ќе се договориме, најави Заев, додавајќи дека целото тоа е еден сериозен енергетиски потенцијал.
Тој соопшти дека државата изразила желба да учествува со акции во Александропулис во терминалите за гас и дека ќе букаира гас за сите наши капацитети, затоа што течниот американски гас е многу поевтин.
-Веројатно ќе учестуваме со 25% во гасна централа во Александрополис, која има капацитет дупло повеќе од нашиот дефицит, кој изнесува 2 гигават часа. Ние сме земја членка на НАТО, нашата иднина е полноправно члество во ЕУ и сите вакви текови великодушно ќе ги изградиме посебно кога земјата ни е убава раскрсница каде што можеме да наплаќаме тарифи за транзитирање на тој гас према Косово, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска итн, нагласи Заев.
Треба да знаете
Последни објави