Search

Заев: Во моментов разговараме за 3 милијарди вредни странски инвестиции

Ќе продолжиме да им помагаме на компаниите, за нас сите компании се домашни, но суштината е како да направиме поголем нето ефект во домашните компании, истакна премиерот Зоран Заев во емисијата Економски магазин на Алсат телевизија.
Тој нагласи дека државата ќе продолжи со дополнително мотивирање на странски капитал, што повеќе да ја прифатиме миграцијата на капиталот од Кина и Азија, бидејќи стануваме важна раскрсница, како што се случува со енергетиката, но и со многу други трансферзали, поради големиот европски пазар, кој е платежно способен и добар плаќач и оваа позиција мора да ја искориситме.
-Следниот дел е да ги искористиме темите во кои светот вложува, енергетика, заштеда на енергеија, дигитализиција и сите други високи современи техноллигии кои се идниата на развојот, истакна Заев, додавајќи дека работејќи на овој правец , ги димензионираме сите чекори и политики кои ги тераме. Едниот е со финансиска поддршка на домашни и странски инвестиции, за да ги провлечеме најголемите. Во моментов разговараме за 3 милијарди вредни странски инвестиции, најави премиерот Заев, додавајќи дека и да успееме со 10% тоа се 300 мииони, тоа се сериозни 2,7 од БДП на државата. Паралелно со тоа мора да ги направиме домашните компании капацитетни, да се борат на странскиот пазар и тоа да биде конкурентно. Со ваква продуктивност од 43% не можеме да се бориме. На крајот на денот е не само ноу-хау, не само поддршка од државата, туку работа, порача Заев.
Сите мораме да работиме, да ја дигнеме продуктивноста и тоа на крајот на денот ќе ја дигне економската основа на стандардот на граѓаните, истакна премиерот Зоран Заев во емисијата Економски магазин на Алсат телевизија.
Треба да знаете
Последни објави