Search

„Бегалецот“ со корона облекол бел мантил за да избега од „8 Септември“

Кумановецот Б.И. е бездомникот позитивен на Ковид 19 кој вчера избегал од болницата „8 Септември“. Како што објави „Сител“, пациентот се маскирал во доктор и избегал од болница. Ваков план скроил, кога почнала да му се подобрува здравствената состојба. Првиот човек на  болницата вели дека последните денови пацинетот бил вознемирен и недисциплиниран.

-На 06.10.2020 во 21.30 часот во СВР Скопје од ГОБ „8 Септември“ било пријавено дека од Ковид центарот се оддалечил пациент Б.И. од Куманово. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници Б.И. околу 02.00 часот бил пронајден и вратен во болницата, велат од МВР.

Пациентот бил пронајден 5 часа подоцна во  близина на болницата и е во добра здравствена сосотојба. Откако ќе му заврши лекувањето треба да го превземат социјалните служби. Ова е прв пациент со Ковид кој избегал од болница, во земјава.

 

Треба да знаете
Последни објави