Search

Усвоен Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата и „Макпетрол”

Владата денеска го разгледа и усвои Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и „Макпетрол” АД Скопје по пат на спогодба, со заклучок тој да биде испратен на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија.

Со Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и „Макпетрол” АД Скопје по пат на спогодба, се решава долгогодишниот спор во врска со утврдување на учеството на секоја од страните во реализација на изградбата на гасоводниот систем во Република Северна Македонија, со што се постигнува надминување на несогласувањата и завршување на сите започнати постапки.

Треба да знаете
Последни објави