Search

Пашинијан: Ерменија е подготвена на отстапки

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан вели дека Ерменија е подготвена на отстапки во конфликтот во Нагорно-Карабах доколку таква подготвеност постои и на страната на Азербејџан.

„Конфликтите треба да се решаваат врз основа на меѓусебни отстапки. Нагорно-Карабах е подготвен, Ерменија е подготвена на реципрочни отстапки на кои е подготвен Азербејџан“, рече Пашинијан во интервју за француската агенција АФП.

Вооружениот конфликт меѓу ерменските и азербејџанските сили за спорниот регион Нагорно-Карабах влезе во десеттиот ден. Се убиваат и цивили и обете страни објавуваат секој ден дека напредуваат во борбата против непријателот.

Треба да знаете
Последни објави