Search

Од понеделник се укинуваат ковид тестовите за Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина

На денешната седница Владата донесе одлука за отварање на границите, односно државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе можат непречено да влегуваат во Македонија без притоа да мораат да приложат ПЦР тест, информираше Зоран Заев.

Одлуката стапува на сила од понеделник, 12 октомври 2020 година.

„Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји, без обврска да приложат негативен тест.

Оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од заразата“, напиша Заев на Фејсбук.

https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.243039092931/10159082903302932/?__cft__[0]=AZWQyV9kG_dlyU1KP8UrsTftjVFLjeT_IbzWLkNCyuCb5oBD8EoT2dSGBESF51XMZ9GxtIobX6f-PskVR_BBOEHt0jpIR3Mwk1fzgPFB6UV3I5sMOl71mEZDDIvFADrAaPeTpC-16dQrch1RhrrPT_IEEjW1Rf6QHizf5ZQlAhYLwUSpu4a_7qsd1CYm-UJFFhgk-54vaNxOrH59U3cIrcWP&__tn__=EH-R

Треба да знаете
Последни објави