Search

Наместо лицемерни протести, Мицкоски да каже колку заработил од неговите хидроцентрали

Губитникот Христијан Мицкоски продолжува со лицемерно и неодговорно однесување.
Наместо да организира лицемерни протести, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже колку пари од нив има заработено со неговите хидроцентрали добиени од Владата во која бил советник.
Според јавно достапни информации, хидроцентралите во кои тој имал удел за четири години заработил речиси еден милион евра, пари од граѓаните.
Мицкоски е најнеспособниот директор на ЕСМ и човек кој креирал најпогубни енергетски политики.
За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, беше укината евтината тарифа, граѓаните плаќаат за исклучено парно и 500 евра приклучок за електрично броило, државата немаше либерализиран пазар, а рестрикциите беа честа појава како оние рестрикции на струја за Охрид Струга и Дебар за нова година како во 2015.
Тоа се резултатите на Мицкоски во енергетиката, секогаш за личен профит никогаш за граѓаните. Затоа денес е длабоко во опозиција и уште долго ќе остане таму.

 

Треба да знаете
Последни објави